Шок на „Олимпико“: Лацио прокоцка 2-0, само бод против Емполи

Лацио прокоцка нови бодови во борбата за највисок пласман откако римскиот клуб ремизираше 2-2 на домашен терен против екипата на Емполи.

За трагедијата на тренерот Сари и неговите избраници да биде поголема, „лацијалите“ во вториот дел имаа водство од 2-0, но и тоа беше недоволно за да се стигне до цел плен. Мечот почна со автогол на еден гостински играч веќе во 2. минута, а во второто полувреме на 2-0 зголеми Закањи.

Римјаните делуваа во тотална контрола се до 83. минута, кога Капуто одлично се снајде и намали на 2-1. Тој гол им даде крилја на гостинските фудбалери, кои притиснаа и во судиското продолжение го замолкнаа „Олимпико“, кога Марин биеше прецизно од работ на шеснаесетникот.

Во вториот натпревар од денешната попладневна програма Специја и Лече ремизираа 1-1.

Се вчитува...