Гол за паметење на Марез – Кепа немаше никакви шанси да интервенира (видео)

Манчестер Сити поведе со 1-0 во куп-пресметката против Челси благодарение на извонредниот погодок што го постигна Ријад Марез.

Алжирскиот ас изведе слободен удар од триесетина метри, но далечината не му претставуваше никаков проблем, маестрално сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на Кепа Аризабалага, кој немаше никакви шанси да интервенира.

Ремек-делото на Ријад Марез можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...