Езгијан Алиоски е многу блиску до заминување од Фенербахче откако тренерот Жорге Жезус реши воопшто да не го вклучи македонскиот репрезентативец во составот за големото дерби со Галатасарај.
Алиоски ги надмина проблемите со повредата и тренираше со полна пареа минатата седмица, но Жезус ги изненади сите откако не само што не најде место за неговиот во стартниот тим, туку не го остави ниту на клупата за резерви. Уште прeд десетина дена беше најавено дека Жезус сака да се ослободи од Алиоски и да отвори место за нов лев бек во тимот, прекинувајќи ја позајмицата на нашиот интернационалец од Ахли. Овој потег би требало само да го забрза целиот процес, па нема да биде изненадување ако Алиоски во следните 48 часа си замине од Фенербахче.
Инаку, Фенер го загуби денешното дерби на домашен терен од Галатасарај со 0-3, со головите што ги постигнаа Оливеира во првото и Актуркоглу во второто полувреме, за Икарди во 100. минута да стави печат на големиот триумф на Галата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА