Милан уште долго ќе жали за пропуштената шанса за победа на денешниот дуел со Рома, што заврши со нерешени 2-2. Актуелниот првак беше подобар ривал во голем дел од мчот, се до 86. минута имаше водство од 2-0, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до цел плен, откако гостите од Рим со голови во 86. и во 93. минута стигнаа до реми.
Милан знаеше како да ги искористи шансите што ги создаде, поведе преку Калулу по еден корнер од десната страна во првото полувреме, а потоа зголеми на 2-0 во вториот дел, преку „резервистот“ Побега на асистенција на Рафаел Леао. „Росонерите“ имаа целосна контрола и над играта и над резултатот, но успеаја се да упропастат со два пада на концентрацијата во финишот од мечот.
Рома најпрвин го ублажи поразот во 86. минута преку Ибањез, за во судиското продолжение на вистинското место да се најде Абрахам, од непосредна близина тресејќи ја мрежата откако Татарушану го одбрани првиот обид на Матиќ.
Милан со ова реми сега има 37 бода, исто колку и третопласираниот Јувентус, но и дури седум бода помалку во однос на лидерот Наполи. Рома по вечерашниот резултат е на делба на шестото место со Лацио, со по 31 освоен бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА