Партизан е апсолутен рекордер по гледаност во Евролигата!

Кошаркарскиот клуб Партизан е убедливо најгледаниот тим во Евролигата оваа сезона.

Согласно официјалната статистика, „Гробарите“ се најверните кошаркарски навивачи во Европа, а Партизан е апсолутен рекордер по гледаност. До 17. коло во најелитното европско натпреварување, во „Штарк Арена“ во Белград, на натпреварите на Партизан присуствувале 149.709 гледачи, убедливо на врвот од листата, а зад нив е Жалгирис со 131.637 гледачи на домашен терен низ досегашниот дел од сезоната. Анадолу Ефес е на третата позиција.

Според податоците, Партизан на домашен терен во просек го следат 16.634 гледачи, а најпосетен натпревар беше против Макаби кога на трибините на најголемата арена во Србија присуствувале 19.011 црно-бели навивачи.

Се вчитува...