Тенисерите кои ќе настапат оваа година на Австралија Опен нема да мора да се тестираат на Ковид-19, а ќе може да играат дури и ако се зараени, изјави денеска директорот на првиот Грандслен турнир, Крег Тили.
Здравствената политика, како што рече Тили, значително е променета во однос на минатогодишните строги протоколи.
Турнирот претходно беше одржа во „балон“, а деветкратниот освојувач на турнирот Новак Ѓоковиќ минатата година беше и депортиран затоа што не беше вакциниран.
„Јасно кажавме на нашите играчи, како и на персоналот, ако некој не се чувствува добро нека остане дома. Нема да има тестови, и јасно е дека потенцијално во суштина ќе може да играат и некои кои се заразени со Ковид-19“ – дополни Тили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

