Едно познато име би можело да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал Наср. 33-годишниот германски фудбалер и член на Борусија Дортмунд, Марко Ројс потврди дека води преговори со саудискиот клуб.
Ројс е член на Борусија Дортмунд од 2012 година, но не доби продолжување на договорот кој му истекува ова лето.
„Мојот советник веќе кажа нешто за тоа. Секако дека треба да гледам напред. Имам уште половина година од договорот, па морам да размислам за се. Ќе имаме разговори со Ал Наср и потоа ќе видиме во кој правец ќе оди се“, изјави Ројс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА