Тренерот на Рома, Жозе Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил, изјави поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Карлос Алберто.
Бразил моментално е без селектор, бидејќи Тите поднесе оставка по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство, кое заврши на 18. декември во Катар.
Еден од кандидатите за нов селектор на „кариоките“ е Мурињо, кој одби да ја преземе португалската репрезентација, бидејќи има договор со Рома до јуни 2024 година.
“Ова директно ќе го кажам. Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Ова е веста која официјално ја објавувам. Мурињо ме замоли да му бидам помошник во стручниот штаб”, изјави Алберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА