Роналдо за Ал Наср ќе дебитира против ПСЖ?

Кристијано Роналдо би можел да го одигра првиот натпревар во Саудиска Арабија против Пари Сен Жермен, предводен од Лионел Меси.

Португалецот потпиша за Ал Наср, но допрва треба да дебитира за својот нов клуб бидејќи треба да ја одлежи казната од три натпревари, која ја заработи во Англија кога му го скрши мобилниот телефон на едно момче.

Тренерот Руди Гарсија ќе го има на располагање за официјалните натпревари на 22. јануари кога Ал Наср треба да ги одмери силите со Итифак.

Сепак, на пријателскиот натпревар во Ријад на 19. јануари, тим од играчи на Ал Наср и Ал Хилал ќе ги одмерат силите со францускиот шампион ПСЖ и се очекува 37-годишниот Португалец да излезе на теренот.

„Тој нема да игра во дресот на Ал Наср, но првпат ќе се претстави пред публиката во Саудиска Арабија. Не сум воодушевен од тој натпревар, бидејќи три дена подоцна ни претстои дуел од првенството. Сепак, за развојот на фудбалот е добро што публиката ќе има можност да ги поздрави големите играчи на Пари Сен Жермен“, изјави тренерот на Ал Наср, Руди Гарија. 

Се вчитува...