Македонската сениорска кошаркарска репрезентација е на прагот да се избори за место во квалификациите за Евробаскет 2025. По четири одиграни меча во претквалификацискиот циклус нашите најдобри кошаркари имаат перфектен скор, а во последниот прозорец на ФИБА ги очекуваат уште два меча за потврда на првата позиција.
Истите ќе бидат одиграни на гостински терен во Словачка и Норвешка на 23. односно 26. февуари. Првото гостувањето ќе биде во Левице, за три дена подоцна следи и гостувањето во Осло во арената „Нордстранд“. Двата меча ќе бидат одиграни од 18 часот.
За потврда на првата позиција на табелата на избраниците на Александар Јончевски им е потребна една победа на двата меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА