Ал Наср го носи во своите редови и Серхио Бускетс

Најбогатиот клуб во Саудиска Арабија, Ал Наср, по Кристијано Роналдо во своите редови го носи и Серхио Бускетс!?

Капитенот на Барселона има договор со каталонскиот клуб до крајот на сезоната. Претходно се поврзуваше со преселба во американската МЛС лига кај Дејвид Бекам, во Интер Мајами.

„Има договор до јуни и останува до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме“ – истакна неодамна тренерот на Барселона, Чави.

Сега, ЕСПН јавува дека АЛ Наср на 35-годишниот фудбалер од средниот ред му нуди 13 милиони евра по сезона и повеќегодишен договор. Бускетс оваа недела ќе го одигра 700. натпревар за Барселона. Тој е трет играч по број на настапи во историјата на каталонскиот клуб.

Се вчитува...