ВИДЕО: Двете ремек-дела по кои засекогаш ќе се памети Герет Бејл!

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл крајно неочекувано денеска објави дека става крај на својата фудбалска кариера! На само 33 години Бејл се одлучи да се повлече од фудбалските терени, дефинитивно заминувајќи во пензија.

Кога ќе се сумира богатата кариера на Велшанецот, сите негови навивачи и воопшто љубители на фудбалот ќе го паметат по двете негови ремек-дела, голови кои и денес е тешко да се објасна.

Првиот го постигна во првата сезона во дресот на Реал Мадрид, која ја заврши со првата од четирите титули во Лигата на шампионите. Реал и Барселона на 16. април 2014 година на „Местаља“ во Валенсија го играа финалето од Купот на Шпанија. При резултат 1-1, кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, во 85. минута Бејл му приреди вистинска хаварија на Бартра.

Незапирливиот Бејл кој на момент загуби рамнотежа, го претрча кутриот Бартра покрај аут-линијата и потоа постигна супер-гол за делириум меѓу навивачите на Реал.

 

На само 33 години Бејл се одлучи да се повлече од фудбалските терени, и дефинитивно заминувајќи во пензија.

Вториот гол по кој сигурно ќе се памети е во 2018 година во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул. Сигурно еден од најубавите голови во историјата на фудбалот.

Реал поведе со 1-0 со голот на Бензема во 51. минута, но Мане израмни само пет минути подоцна. Зинедин Зидан во 61. минута го уфрли Бејл и тоа му се исплатеше само две минути подоцна. Погоди со неверојатни ножички за водство на „кралевите“. И сигурно во кариерата има и уште подобри ножички, но овие во финале на ЛШ и тоа како имаат далеку поголема тежина…

 

Се вчитува...