Поразот од третолигашот беше кобен – Ница го отпушти тренерот

Лусијан Фавр повеќе не е тренер на Ница откако управата на овој клуб реши да ја прекине соработката со швајцарскиот стратег. Фавр беше под притисок уште од самиот старт на сезоната, по слабите игри во почетните рунди, но чашата со незадоволство беше прелиена со поразот од третолигашот Ле Пуј ен Велеј во Купот на Франција.

„Лусијан Фавр повеќе не е шеф на стручниот штаб на Ница, неговата мисија на чело на нашиот тим е завршена. Испразнетото место на клупата го презеде Дидие Дигар, кој се приклучи на стручниот штаб минатата есен“, се вели во соопштението на Ница.

Екипата на Ница по 17 одиграни кола има само пет победи и моментно се наоѓа на 11. место на табелата, премалку за тимот што инвестираше во неколку квалитетни засилувања во текот на летото.

Се вчитува...