Арсенал шампионската титула ќе ја освојува со легенда на Челси?

Арсенал е во потрага по замената во нападот за повредениот Габриел Жезус, а медиумите во Англија пренесуваат дека изборот паднал на поранешниот фудбалер на Челси, а сегашниот член на Реал Мадрид, Еден Азар.

Доскорешниот репрезентативец на Белгија по заминувањето од Лондон не успеа да ја преслика блескавата форма поради постојаните повреди, а и понатаму не е дел од сериозните планови на Карло Анчелоти па сега се наоѓа пред враќање во главниот град на Англија.

Тој со Челси освои две шампионски титули во Премиерлигата па и Микел Артета на него гледа како некој кој ќе донесе искуство на младиот тим кој е на прагот да ја врати титулата на „Емирати“ по 20 години. „Топџиите“ по 17 одиграни меча имаат предност од пет поени пред второпласираниот Манчестер Сити.

Се вчитува...