Сопствениците на ПСЖ сакаат да го купат Манчестер јунајтед или Ливерпул?!

Компанијата Катар спортс инвестментс која е сопственик на францускиот шампион Пари Сен Жермен размислува за купување на клуб во англиската Премиер-лига, пренесуваат британските медиуми.

Катарците наводно се заинтересирани за Манчестер јунајтед или Ливерпул, кои со години се во сопственост на компании од САД. Се истакнува дека „Катар Спорт Инвестментс“ размислува и за целосно преземање и за купување на дел од сопственоста во тие клубови. Манчестер Јунајтед моментално е четврти во Премиер лигата со 35 бодови, додека Ливерпул е шести со седум бодови помалку.

Претходно беше објавено дека катарска компанија започнала преговори за купување на Тотенхем, но немаше подетални информации. Катар Спорт Инвестментс, освен ПСЖ, поседува 23 отсто од акциите на португалската Брага.

Се вчитува...