О’Саливен: Сакав порано да научам да уживам во снукерот

Рони О’Саливен успешно тргна на патот кон осмата титула на Мастерс турнирот со победата од 6-1 во првото коло над Лука Бресел.

По победата над десеттиот светски рекет, најдобриот снукер играч на сите времиња изјави дека конечно научил како да ужива во оваа игра.

„На мои години, во оваа фаза од мојата кариера, навистина уживам во секој момент и мислам дека всушност имам добра перспектива и за играта и за животот поголемиот дел од времето. Понекогаш можам да кажам дека не ми е гајле, но кога го кажувам тоа, само гледам на се низ перспективата на животот. Го сакам овој спорт, сакам да се натпреварувам, но го сакам и мојот живот и само се трудам се добро да балансирам. Не сакам да ме дефинира само снукерот, не сакам да бидам разочаран ако не играм добро. Уживав во последните 10, 12 години како никогаш досега. Посакувам да го научев тоа порано“, изјави популарниот Рони.

Во второто коло О’Саливен ќе игра против подобриот од мечот меѓу Вилијамс и Гилберт.

Се вчитува...