„Да сум на местото на Мегваер ќе го задавев Шо па ќе го претепав и Тен Хаг“

Хари Мегваер и понатаму е топ тема во англиската фудбалска јавност. Истата се почесто му сугерира да го искористи јануарскиот преоден рок за преселба во нова средина, а на оваа тема сега говореше и поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Фердинанд кој помина 12 години на „Олд Трафорд“ не штедеше на зборови говорејќи за ситуацијата помеѓу Мегваер и Тен Хаг и образложи што тој би направил доколку е на негово место.

„Лук Шо игра на местото на стопер наместо него. Да бев јас на негово место ќе го задавев Шо, на тренинг ќе го удрев толку јако за да бидам сигурен дека нема да може да игра повеќе па ќе отидев и до канцеларијата на тренерот и ќе го претепав и него. Зар тој се шали? Го омаловажува со тоа. Хари Мегваер мора да замине. Игра натпревари во Купот, а во тимот е бидејќи Јунајтед не може да донесе друг играч“, вели Фердинанд.

Се вчитува...