Најлошото помина: Хамлин пуштен од болница

Одбранбениот играч на НФЛ тимот на Бафало Билс Дамар Хамлин ја напушти болницата една недела откако колабираше за време на натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Синсинати Бенгалс.

24-годишникот, кој мораше да биде реанимиран откако доживеа срцев удар, беше пуштен од медицинскиот центар на Универзитетот во Синсинати во понеделникот. Хамлин се врати во својот дом во Бафало.

„Добро му оди и ова е почеток на следната фаза од неговото закрепнување“, изјави докторот кој се грижеше за него.

Натпреварот меѓу Синсинати и Бафало беше прекинат во првиот период, а официјалните лица на лигата подоцна најавија дека нема да се продолжи.

 

Се вчитува...