ПСЖ подготвува нов договор за Меси, понуда која не може да ја одбие

Раководството на ПСЖ подготвува нов договор за Лионел Меси, со кој аргентинскиот фудбалер би останал во Париз најмалку до 2025 година. Според најавите условите кои Парижаните се подготвуваат да му ги понудат на Аргентинецот се „понуда која не може да се одбие“.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, и многу се шпекулираше на негово враќање во Барселона. Меѓутоа, веројатно, од тоа ќе нема ништо, ако се има во предвид дека францускиот шампион ќе му понуди подобар договор од сегашниот, со кој заработува повеќе од 30 милиони евра годишно.

„Усмен договор е постигнат, а до крајот на јануари се очекува да биде и официјализиран. Во Париз ќе стигне и таткото, воедно и менаџер Хорхе Меси. На состанокот ќе биде одредена годишната заработувачка и траењето на договорот. Се очекува да биде до 2025 година, и ќе има поголем плата. На Меси ќе му биде понудена плата која не може да ја одбие“, наведува „Марка“.

Меси ќе добие поголема плата благодарение на одличните настапи во Катар. Аргентина во финалето успеа да ја совлада Франција и да го освои трофејот.

„Марка“ исто така додава дека челниците на ПСЖ сакаат Меси да се пензионира во нивниот клуб, што би довело и до заработувачка на „светците“. За потсетување, од првата сезона по пристигнувањето во Париз, ПСЖ заработи 700 милиони евра.

Се вчитува...