„Малку сум загрижен поради повредите на Талески и на Митревски“

Македонија не ги одработе комплетно овие подготовки за СП откако првиот голман Никола Митревски се жалеше на повреда по пристигнувањето во Маврово, додека Филип Талески се повреди на стартот на новата година и го пропушти турнирот во Хрватска.

Станува збор за двајца клучни играчи чие искуство и квалитет ќе биде голем плус за националниот тим доколку тие се рехабилитираат за настап во Краков.Селекторот Лазаров на денешната прес-конференција даде свој коментар и за повредите на овие двајца ракометари.

„Малку сум загрижен поради здравствената состојба на Филип Талески и Никола Митревски, кои вчера тренираа за првпат со екипата. Не се на 100%, но верувам дека како што ќе минува времето и ние ќе бидеме комплетни. Треба да бидеме претпазливи како ќе ги дозираме силите. Ние сме нација која не носи срцето и емоцијата, тоа ја троши репрезентацијата, но целиот наш стручен штаб и медицинскиот тим ќе внимаваме да нема преголема еуфорија при победите, ниту огромни разочарувања по поразите“, изјави Лазаров.

Се вчитува...