Зад Тотенхем е уште една сезона во која „петлите“ не се борат за шампионската титула, а тоа создава сериозни проблеми во амбциите на клубот да го задржи Хари Кејн. Англискиот репрезентативец беше блиску до заминување од тимот и во 2022 година, но тогаш раководството успеа да го убеди да остане со амбициозни засилувања.
Ситуацијата во клубот не се промени, а Кејн и понатаму е мета на европските великани. Топ желба е на Баерн Минхен, но од неодамна и на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ во 29-годишникот гледаат како шампионско засилување и ќе тргнат по неговиот потпис уште во јуни. Тој се очекува да биде последното парче во сложувалката на Ерик тен Хаг за враќање на врвот на Англија, но и атак на титулата во Лигата на Шампиони.
Интересно, Кејн се наоѓаше пред премин во Манчестер Сити, но по пропаднатиот трансфер „граѓаните“ стигнаа до потписот на Ерлинг Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА