Холанѓанецот сам ќе си ја плати отштетата само да оди на „Олд Трафорд“

Холандскиот напаѓач Воут Вегорст по секоја цена сака да се пресели во Манчестер Јунајтед. Според турските медиуми, голгетерот е подготвен да плати отштета на Бешикташ, само да го раскине договорот и да се пресели на „Олд Трафорд“.

Вегорст настапува во Бешикташ како позајмен фудбалер од Барнли, со право на откуп од 10 милиони евра. Турскиот клуб има право да бара оштета за евентуален предвремен раскин на договорот. Шпекулациите велеа дека постои клаузула за предвремен раскин од два милиони евра, но турскиот клуб го демантираше тоа јасно ставајќи до знаење дека ќе бара директни преговори со Јунајтед за да даде зелено светло за зааминување на Холанѓанецот. Тој пак е очаен да се пресели во Манчестер, па преку својот агент веќе ставил до знаење дека самиот ќе ја покрие разликата во однос на она што Јунајтед е подготвен да го плати и она што Бешикташ го бара, само за да добие зелено светло за трансфер.

30-годишниот голгетер сезонава на 16 меча постигна осум гола и 4 асистенции. На Мундијалот во Катар постигна два гола против Аргентина, но негвата селекција го загуби мечот во 1/4 финалето.

Се вчитува...