Договорено: Вегхорст доаѓа во Манчестер Јунајтед

Воут Вегхорст ќе стане нов голгетер на Манчестер Јунајтед во следните неколку дена откако „црвените ѓаволи“ ги договорија сите детали од позајмицата од редовите на Барнли. Со тоа, холандскиот ас ќе го заземе местото во нападот на Јунајтед што остана испразнето со заминувањето на Кристијано Роналдо.

Клучен беше договорот со Бешикташ, клуб што го имаше позајмено Холанѓанецот до крајот на сезонава и не сакаше да го пушти без соодветна отштета. Манчестер Јунајтед на крајот попушти, плаќајќи ја сумата од три милиони евра на кои Бешикташ инсистираше од самиот почеток на преговорите.

Вегхорст самиот инсистираше на овој трансфер и веќе ги договори личните услови, а во Манчестер ќе се пресели веднаш штом Бешикташ донесе соодветна замена. Се најавува дека негов наследник во турскиот гигант ќе биде Камерунецот Винсент Абубакар, кој остана без клуб откако Ал Наср му врачи отказ токму по доаѓањето на Роналдо.

Се вчитува...