Стивен Џерард, нов селектор на Полска?

Стивен Џерард е најзвучното име што се поврзува со селекторската функција во Полска откако оваа репрезентација остана без кормилар по завршувањето на СП во Катар.

Чеслав Михниевич очекувано не доби продолжување на договорот иако обезбеди пласман во нокаут фазата од мундијалот, критикуван поради предефанзивната тактика во која до израз не можеше да дојде најдобриот полски фудбалер, Роберт Левандовски.

Џерард е без ангажман откако доби отказ во Астон Вила во октомври, а Полјаците веќе го контактирале поранешниот капитен на Ливерпул. Нова средба меѓу двете страни е закажана за следната седмица, а доколку бидат задоволени финансиските барања на Англичанецот многу лесно може да се случи тој до крајот на месецот да пристигне во Варшава на потпис на договорот.

Се вчитува...