„Ми се гади од лагите на Алегри“

Јувентус е во серија од осум победи, со кои се проби на второто место на табелата во Серија „А“. Екипата на Масимилијано Алегри во тие осум натпревари не прими ниту еден гол, со гол разлика 14-0.

Меѓутоа од оваа серија не е имрпесиониран контроверзниот Антонио Касано, кој не пропушта прилика да ги навредува сите екипи и фудбалери. На екс играчот на Рома, Реал Мадрид, Интер и Милан не му се допаѓа стилот на игра, и повторно вербално ги нападна и тренерот и клубот.

„Алегри кажува дека одат чекот по чекор и дека минимална цел е освојување на четвртото место. Тоа е лага и мене ми се гади. Тој многу добро знае дека Интер и Јувентус имаат екипа да се борат за титулата. Немам ништо против поинакви мислења, но ако се лаже, мене ми се гади. Навивачите на Јувентус не се клупи. Може вие да зборувате за агресија и глад за победи, но тоа се приказни за мали клубови. Новинарите, поранешните играчи пишуваат дека Јувентус се вратил. На што се вратил? Дека е ѓубре? Може да освојат се, но освен натпреварот со Лацио, тие беа очајни. Дури и против Кремонезе требаше да бидат поразени“, рече Касано.

Се вчитува...