Најдобриот млад играч на неодамна завршениот Мундијал во Катар, Енцо Фернандез беше блиску до трансфер во Премиерлигата, во Челси. Долго време се пишуваше за можноста Фернандез да се пресели во Лондон, но веројатно од тоа ќе нема ништо, и тој ќе остане барем до крајот на сезоната во Лисабон.
Тоа го покажа и со вчерашниот меч кога постигна гол против Варзим во Купот и ги постави конечните 2-0. Потоа со својата гестикулација покажа дека, сепак, ќе остане во клубот.
Славјето му беше емотивно, а вклучуваше и удирање со раката по градите на местото каде што се наоѓа логото на Бенфика, и со покажување со прстот на требникот, што е дешифрирано како порака за останување.
Сагата на Фернандез се очекува конечно да заврши, откако самиот тој побарал трансфер во Челси. После натпреварот со Брага наводно ненајавено заминал во Аргентина да ја прослави Новата година. Се пишуваше дека поради барањето за траснфер, не бил во комбинација на натпреварот со Портимоненсе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

