Колумбискиот фудбалер и член на Јувентус Хуан Квадрадо, би можел во зимскиот преоден рок да го напушти клубот од Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Квадрадо има договор со Јуве до крајот на сезоната, но клубот не сака да ја продолжи соработката со играчот, кој одигра 287 натпревари и постигна 24 гола.
Италијанските медиуми јавуваат дека за играчот се интересира Интер, но и дека има интерес од Ал Наср, клубот кој неодамна го ангажираше Кристијано Роналдо.
Квадрадо пред Јувентус играше за Челси, Фиорентина, Лече и Удинезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА