Тениската јавност утрово остана шокирана по веста дека Новак Ѓоковиќ заработил повреда на денешниот тренинг во кој за спаринг партнер го имаше Данил Медведев.
Србинот не можеше да продолжи со тренингот и веднаш се упати кон соблекувалната, а со оглед на фактот дека Австралија Опен стартува за неколку дена, веднаш беше доведено во прашање неговото учество на првиот гранслем турнир за оваа година.
Ѓоковиќ се јави неколку часа по повредата, демантирајќи ги гласините дека станува збор за проблем со коленото.
„Она што е сигурно е дека се е во ред со моето колено. Почувствував болка во задната ложа, тоа е старата повреда што ја имав на турнирот во Аделаида и нормално дека не сакав да ризикувам состојбата да се влоши. Му се извинив на Медведев што не можев да продолжам со тренингот“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

