Фото на денот: Ракометарите подготвени за битка – срце на терен за најмалку една победа во Краков

Македонските ракометари денеска ги одработуваат последните тренинзи во Скопје, пред утрешното заминување со чартер-лет за Краков, каде во наредните денови ќе ги играат своите натпревари во групната фаза на СП 2023.

Атмосферата во националниот тим е одлична, сите се максимално фокусирани на големиот предизвик и веруваат во остварување на првата зацртана цел – најмалку една победа во Краков и пласман во следната мундијалска фаза.

Селекторот Лазаров по вечерашниот тренинг ќе го соопшти списокот од 18 ракометари кои ќе патуваат во Краков, откако на вчерашната прес-конференција најави дека може да се случи и некој од тројцата кои ќе останат во Скопје да бидат дополнително повикани за Полска.

Се вчитува...