Полска и натаму е во потрага по нов селектор, а како одминува времето, кругот се стеснува. И покрај шпекулациите дека едно од имињата е Стивен Џерард, сепак, во полските медиуми не се споменува легендарниот англиски фудбалер.
Полјаците бараат селектор после Мундијалот во Катар, во кој стигнаа до 1/8 финалето, и беа елиминирани од подоцнежниот финалист Франција.
Еден Хрват се најде исто така меѓу сериозните кандидати за селектор на Полска. Станува збор за екс тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица. Бјелица е топ кандидат за Полјаците, со оглед дека е евтин, и го знае полскиот јазик со оглед дека работеше во првенството.
Останатите двајца најсериозни кандидати се Ерве Ренар и Владимир Петковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

