Јусуфа Мукоко, 18-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во последните неколку сезони. Младиот играч кој има потекло од Камерун, се најде и на списокот на сениорската селекција на Германија за Мундијалот во Катар. Тој ги сруши сите рекорди во младите категории на Борусија, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Тимот од Дортмунд со сите сили сака да го задржи, но тешко дека ќе успее да ги задоволи неговите апетити. Особено апетитите на неговиот менаџер.
Така, Дортмунд му нуди речиси петкратно поголема плата на својата млада ѕвезда, односно 5,5 милиони евра по сезона. Но тоа не е се. Му нуди и 10 милиони евра за потписот на договорот како бонус.
Според информациите на „Билд“, тоа не е доволно за менаџерот на Мукоко, кој исто така сака скапа провизија за својот клиент. Ова е се чини последната понуда од Борусија, а доколку не се договорат, тогаш Германецот веројатно ќе се пресели во Њукасл, кој му нуди подобри услови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

