Савиќ и Торес казнети по два меча за „борењето“

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Стефан Савиќ и играчот на Барселона Феран Торес, добија суспензија по два натпревари откако двајцата добија црвени картони на меѓусебниот меч изминатиот викенд во Мадрид.

Савиќ и Торес беа исклучени во 92. минута откако двајцата почнаа буквално да се „борат“ на теренот, и поради тоа им беше покажан патот кон соблекувалната.

Црногорскиот стопер ќе ги пропушти мечевите со Алмерија и Валјадолид, додека Торес нема да биде во комбинација со Гетафе и Џирона.

На мечот, Барселона славеше триумф со 0-1 со гол на Дембеле.

Се вчитува...