Работнички почна со подготовките и ги промовираше Деспотовски, Илиќ и Маркоски

Екипата на Работнички денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, и на првиот „работен“ ден промовираше три нови имиња.

Стефан Деспотовски, стопер од Графичар, потоа Филип Илиќ и Кире Маркоски се промовирани во таборот на „романтичарите“. Практично, Маркоски се враќа во Работнички, а Илиќ после шест месеци без ангажман, му се приклучува на тимот од Дебар Маало, и заедно со Игор Алексовски ќе го сочинуваат голманскиот тандем.

Маркоски доаѓа на местото на Методи Максимов, кој направи трансфер во Шкендија. Во следниот период ќе има уште неколку нови имиња во таборот на „романтичарите“.

Засега покрај Максимов, од таборот си заминаа и Арменд Алими и вториот голман Бојан Тимевски, како и стоперот Андреј Кировски.

Се вчитува...