Селекторот на Норвешка: Македонија може да победи секого ако има свој ден

Норвешка ќе биде првиот противник на репрезентацијата на Македонија на Светското Првенство, меч што ќе се игра в петок во Краков со почеток во 20.30 часот.

Јасно е дека скандинавската селекција ќе влезе во мечот како голем фаворит, но селекторот Јонас Виле гласно предупредува дека неговите избраници никако не смеат да ја потценат Македонија на овој меч.

„Македонија и Холандија, тоа се две репрезентации што играат на ниво, да ако имаат свој ден може да го добијат секој противник, дури и од највисока класа. Ние мораме да бидеме фокусирани од самиот почеток, јасно е дека ќе имаме улога на фаворити на тритее натпревари, но тоа ќе мора и да се оправда. Очекувано, сонуваме за медал на овој мундијал, но и гледаме со голема почит кон сите противници бидејќи ова светско првенство ќе биде многу силно. Ќе настојуваме да ја играме сопствената игра, да се развиваме од натпревар во натпревар и на секој меч да извлечеме се што можеме од секој ракометар“, изјави Виле.

Се вчитува...