Трагични вести доаѓаат од Шпанија. Хорхе Балестерос, светскиот првак со стрелаштво почина во болница во Мадрид, откако бил донесен со прострелна рана во главата. Шпанецот е пронајден во својот автомобил. Веднаш бил пренесен во болницата Ла Паз во Мадрид, но лекарите не успеале да го спасат.
И натаму се нејасни околностите за смртта на Балестерос, а полицијата го истражува случајот.
Овој 39-годишен спортист го сметале за најдобар во стрелаштво на отворено во историјата на Шпанија. Иако никогаш не се натпреварувал на Олимписки игри, затоа што неговата дисциплина не била вклучена на игрите.
Освоил бројни медали, а значајна е онаа со пиштол во отворена категорија во која беше првиот спортист од Шпанија кому тоа му успеало. Беше европски првак со пиштол на првенствата во 2013 и 2016, и 12 пати првак на Шпанија.
Покрај тоа, Балестерос работел и како полициски службеник.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

