Нант извлече бод против Лион, Рен загуби со гол во 95. минута, Тулуз без проблеми против Оксер

Фаворитите не успеаја да ја оправдаат улогата во 18. коло од француското првенство. Лион повторно загуби значајни бодови, овој пат ремизирајќи без голови против Нант, исто како и Лил чие гостување кај Брест заврши без погодоци во мрежата, додека пораз на гостувањето кај Клермон (1-2) забележа Рен кој загуби со голот на Гастие во 95. минута.

Убедлив беше Тулуз кој со 5-0 славеше на гостувањето кај Оксер, додека до три бода стигна и Рем кој славеше на гостувањето кај Ајачио благодарение на голот на Мунетси во 3. минута.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...