Американец ќе го менува Јигитоглу под рекетот на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје пред само неколку дена остана без Самет Јигитоглу, но македонскиот шампион експресно ја најде замената за младиот турски центар. Станува збор за Американецот Абдул-Малик Абу кој во Македонија доаѓа од Израел.

Дваесетиседумгодишникот во израелското првенство бележи настапи за Хапоел Галил Елион каде на 10 одиграни средби има просек од 10.0 поени и 6.2 скока. Претходно бил дел од дел од бундеслигашот Вурзбург, корејскиот прволигаш Чангвон, турскиот тим Беледиеспор, Спортинг од Лисабон и Вриједноснице Осијек.

Тој се очекува наскоро да пристигне во нашиот главен град, но останува да видиме дали аеродромци ќе успеат да го потврдат трансферот за тој да се најде на теренот на мечот против Партизан во понеделник.

Се вчитува...