Потер: Патам, оваа работа е многу тешка

Грем Потер не се прослави на клупата на Челси. Младиот англиски стратег ја доби довербата на Тод Боели по отказот на Томас Тухел, неговиот договор беше откупен од Брајтон, но тој не успеа да направи тренерски шок за успешна сезона на „сините“.

Челси од натпревар во натпревар тоне на табелата во Премиерлигата, а неодамна беше и елиминиран од Манчестер Сити во ФА Купот со 4-0. Сега Потер стравува за своето работно место за што вели дека е фрустрирачки и тешко.

„Ова е најтешката задача во фудбалот. Мораме да се собереме, да покажеме дека сме силни и да го изградиме тоа што го немаме. Разбирав од самиот почеток каде дојдов, тука е многу тешко. Предизвикувачки и стимулативно, но тешко“, вели Потер кој може да го напушти „Стемфорд Бриџ“ доколку забележи уште еден неуспех на вечерниот натпревар против Фулам.

„Ја разбирам фрустрацијата на навивачите, но и ја ценам нивната поддршка. Искрено, ме боли ова што се случува. Секој пораз патам јас, пати и мојата фамилија. Колку и да се обидувам да го сокријам тоа. По натпреварите не сум добар човек и тоа влијае на сите околку мене“.

Се вчитува...