Неделниот спектакл во СЦ „Јане Сандански“ каде на МЗТ Скопје му гостуваше актуелниот шампион на АБА, Црвена Звезда го одбележаа и домашните навивачи кои се погрижија за фантастична атмосфера.
Популарните „Фемили Аеродром“ ги бодреа своите омилени играчи во текот, но и по завршувањето на мечот, а нивната кореографија насловена „За боја бело-плава ќе загубам и глава“ е изборот на фановите за фото на колото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА