Лионел Меси во голем стил се врати на теренот по освојувањето на Светското првенство со Аргентина. Тој постигна гол во триумфот на ПСЖ против Анже од 2-0. За еден од најдобрите фудбалери на сите времиња тоа беше 696 гол за клуб oд најдобрите пет лиги во Европа. Со тоа го израмни рекордот на Кристијано Роналдо.
Аргентинецот постигна 672 гола во дресот на Барселона, а 24 за ПСЖ. Роналдо постигна 145 за Манчестер Јунајтед, 450 за Реал Мадрид и 101 за Јувентус. Јасно е дека Меси наскоро ќе го надмине Роналдо во овој сегмент, со оглед на тоа што Португалецот потпиша договор со саудиски Ал Наср.
Меси оваа сезона блеска за ПСЖ. На 14 натпревари постигна осум гола и 10 асистенции. Веќе е блиску до надминување на учинокот од минатата сезона кога на 26 натпревари постигна шест гола и имаше 14 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

