Тони Симиќ во продолжението од сезоната ќе биде предводникот на Академија ФМП, потврди скопскиот клуб. Младиот стратег на жешкото столче ќе го наследи Никола Божиновски.
Тоа е втор ангажман во прволигашката кошаркарска за Симиќ кој претходно го предводеше Работнички со кој забележа успешен старт на претходната сезона, но не ја доби довербата од раководството.
Овој пат Симиќ го чека потешка задача за изборување на опстанок со составот од Кисела Вода кој по 11 одиграни натпревари има скор од три победи и осум порази.
„Пред се благодарност до управата на клубот за укажаната доверба, да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Не чека доста работа во периодот кој следува и мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе на крајот“, изјави младиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

