Симонет: Македонија е нашата шанса!

ЕКИПА ВО КРАКОВ: СТЕВАН ЦАНЕВСКИ, ВЛАДИМИР БУЛАТОВИЌ И РОБЕРТ СПАСОВСКИ

Ракометната репрезентација на Аргентина ќе биде последниот противник на Македонија во групата во Краков на Светското ракометно првенство. Првата ѕвезда на „гаучосите“, Диего Симонет вели дека Македонија е одлична репрезентација која може секого да победи, но и од секого да изгуби.

„Јас можам да кажам само дека сме во најтешката група. Со Норвешка како ривал и селекција која е кандидат и за титула и со Холандија и Македонија, селекции кои ако не се на највисоко ниво може да загубите, потешко не може. Холандија и Македонија се наша шанса, селекции од кои може да загубите, ама може и да ги победите. И нема лесен ривал, а во оваа група и со една победа може да не одите понатаму. Јасно е дека наша цел е следната фаза“, вели Симонет.

Се вчитува...