Нагелсман: Никој не сака да пушти голман сред сезона, но мора да ангажираме

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман ја коментираше ситуацијата околу голманската позиција во тимот. Германскиот првак има проблеми со голманите, откако се повреди Мануел Нојер на скијање, и без него ќе биде до крајот на сезоната.

Нагелсман ја коментираше ситуацијата со доаѓањето на Јан Зомер, но Менхенгладбах и понатаму не се откажува од својот голман.

„Ништо не се промени околу Зомер. Сега нема клуб кој што ќе го пушти голманот. Има малку голмани кои може да ни бидат од корист. Го имаме Улрајх, но сигурно дека мораме да најдеме уште еден. Дали новиот ќе биде број 1 или број 2 независно. Ние мораме да ангажираме голман“, рече Наглесман.

Се вчитува...