Ракометарите стигнаа во Краков – Нека биде уште еден победнички јануари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА ВО КРАКОВ: СТЕВАН ЦАНЕВСКИ, ВЛАДИМИР БУЛАТОВИЌ И РОБЕРТ СПАСОВСКИ

Машката ракометна репрезентација на Македонија традиционално е главната спортска тема секој јануари. Репрезентативците стигнаа во полски Краков каде во следните седум дена ги очекуваат мечевите од групната фаза против: Норвешка, Холандија и Аргентина.

„Црвено-жолтите“ вечерва ќе одработат прв тренинг, а веќе утре ги очекува премиерата против фаворитот во групата Норвешка.

 

 

 

Се вчитува...