Како одговор на Ал Наср: Тим од Саудиска Арабија му нуди на Меси вистинско богатство!

Според „Мундо Депортиво“, Лионел Меси наскоро би можел да се пресели во Саудиска Арабија и да му се приклучи на Кристијано Роналдо, откако Ал Хилал подготвува богат договор за Лионел Меси. Така овој клуб ќе му одговори на Ал Наср, кој неодамна го донесе Кристијано Роналдо кој се очекува да заработи 200 милиони евра за 2,5 години колку што ќе биде во тимот, и покрај шпекулациите дека цифрата ќе достигне 500 милиони годишно.

Ал Хилал е подготвен да оди чекор понатаму и да му понуди на Меси 300 милиони евра годишно. Станува збор за најголемиот клуб во земјата, и за нив парите не се проблем.

На Меси договорот му истекува на крајот на сезоната. Меѓутоа додека ПСЖ се подготвува за нова соработка, Саудијците може да ја завршат работата. Од Аргентинецот и натаму нема одговор дали ќе продолжи или не во Париз.

Се вчитува...