Пабло Ласо доби неочекувана понуда

Шпанскиот стартег Пабло Ласо е без ангажман по заминувањето од Реал Мадрид, а и покрај тоа што беше поврзуван со потпис со неколку евролигаши меѓу кои и Црвена Звезда, тој би можел да заврши како селектор на Израел, пренесуваат тамошните медиуми.

Раководството на израелската репрезентација во следните денови ќе допатува во Европа каде ќе има директен контакт со 55-годишниот стратег во обид да го убеди да го превземе жешкото столче на долга стаза.

Ласо кој беше хоспитализиран на крајот на претходната сезона поради срцеви проблеми помина 11 години како прв тренер на Реал Мадрид. Во тој период освои 22 титули со „кралскиот клуб“ од кои две во Евролигата и шест трофеи во АЦБ.

Се вчитува...