Фиорентина ја елиминираше Сампдорија и се пласираше во 1/4 финалето

Со единствениот гол на Антонин Барак, Фиорентина го елиминираше тимот на Сампдорија од Купот на Италија, и си обезбеди дуел со Торино во 1/4 финалето.

„Виолетовите“ заслужено славеа, затоа што имаа повеќе од играта и од шансите. Гостите од Џенова не успеаја да упатат ниту еден шут на голот на противникот во текот на целиот меч.

Вечерва Рома и Џенова ќе го дадат и четвртиот патник во следната фаза. Претходно пласман во 1/4 финалето покрај Торино и Фиорентина, обезбеди и Интер со победата над Парма по продолженијата.

Се вчитува...