Навивачите на Звезда со транспарент за Перо Антиќ: „Не те сакаат затоа што си наш…“ (ФОТО)

Навивачите на Црвена Звезда, вечерва на дуелот од Евролигата против Монако, истакнаа транспарент за Перо Антиќ. Македонскиот кошаркар се најде на удар на јавноста откако на хуманитарниот ракометен меч во Борис Трајковски, се појави со дуксер Црвена Звезда.

Набрзо и Антиќ одговори на критиките, кажувајќи: „За Македонија имам толку многу дадено што можам да облечам што сакам“, а вечерва во Белград во „Пионир“ се појави и транспарент.

„Не те сакаат затоа што си наш. Најдобро чувство е кога си Звездаш. Перо Антиќ“, пишуваше на транспарентот.

Се вчитува...