Фенербахче и Црвена Звезда остварија победи над Баерн Минхен, односно Монако во кошаркарската Евролига во првите два натпревари вечерва.
Фенербахче во текот на целиот меч имаше предност над германскиот тим, а се опушти само во последната четвртина, и затоа резултатот беше само осум разлика (79-71). Едно време Фенер имаше водство од 23 поени разлика. Најефикасен беше Мотли со 22 поени.
Црвена Звезда беше убедлива над Монако, остварувајќи нова победа во Евролигата. Белградскиот тим клучната разлика ја направи во првиот дел, кога имаше водство од 18 разлика. Звезда ги доби и последните две четвртини, но не така убедливо, за конечен триумф од 92-68.
Џејмс од Монако постигна 26 поени, а кај Звезда најефикасен беше Петрушев со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА