Македонија ЃП ангажираше бразилски интернационалец во своите редови. Станува збор за левиот бек Андреј Јаго да Силва Мескита. Јаго има 25 години, а последен клуб му беше Ларанхеирас од Бразил.
Јаго има веќе интернационално искуство, со тоа што една сезона настапуваше во Португалија, во дресот на Фатима.
Токму левата бековска позиција беше проблематична за ѓорчепетровци, со оглед дека Исаевски е пред заминување од клубот, а Атанасковски веќе замина во Партизани Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

